×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Свети Трифун“ одбележан во земјоделското училиште „Киро Бурназ“

    14.02.2018 13:26 | KumanovoNews

    Празникот на лозарите „Свети Трифун“ денеска беше одбележан во средното земјоделско училиште Киро Бурназ, со закројување на лозовите гранчиња и со културно уметничка програма.

    „Свети Трифун“ одбележан во земјоделското училиште „Киро Бурназ“

    „Сакам да го честитам празникот Свети Трифун. Заедно со менаџерскиот тим на училиштето го закроивме лозјето, со надеж дека ова ќе биде просперитена и бериќетна година. На сите млади кои го прославуваат денот на љубовта им го честитам празникот „Свети Валентин“,- изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Традиционално во училиштето се одбележува денот на лозарите и се сече славски колач. Лозовиот насад со кој располага училиштето служи за практична настава на учениците.

    На одбележувањето на „Свети Трифун“ беа присутни професори, ученици, претставници од локалната самоуправа, советници и свештеници од Кумановско-осоговската епархија.