Светoсавска академија во Кумановскиот театар
По повод националниот празник на Србите во Македонија „Свет Сава“, Регионалниот одбор на Српската заедница во Куманово и Демократска партија на Србите во Македонија, вечерва во 19 часот, во Кумановскиот театар организираат Светосавска академија.
Академијата ќе ја збогатат актери од Народниот театар од Белград Иван Вучковиќ и Дејан Дончиќ, професорката по соло пеење Александра Коцевска музичарите Глигор Гелебешев и Столе Косовски и КУД „Српски вез“.
Во име на Народното Собрание на Р.Србија ќе се обрати заменик претседателот Верољуб Арсиќ.
На прославата ќе присуствува амбасадорката на Р.Србија во Р.Македонија, како и гости од Македонија.