×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тања Тодоровска нова директорка на училиштето во Умин Дол

    02.07.2021 06:38 | KumanovoNews

    Тања Тодоровска, професор по музичко образование и изведувач на народни инструменти е избрана за нов директор на Основното училишта „Карпош“ во село Умин Дол.

    Тања Тодоровска нова директорка на училиштето во Умин Дол

    Тодоровска вели дека уште додека била в.д. директор почнала да работи на проекти со кои сака да се решат најгорливите проблеми и да се подобрат условите за работа во училиштето, па и во наредните 4 години ќе продолжи во таа насока.

    „Со мојот тим веќе изработивме проект за целосна реконструкција на двете училишни згради во централното и подрачното училиште во Умин Дол и Љубодраг и чекаме проектот да ни се одобри. Ќе продолжиме со други активности, а првите цели ќе бидат изградба на спортска сала во училиштето и оградување и уредување на училишниот двор, бидејќи имаме проблем со влегување и уништување на објектите. Се надевам дека ќе успееме во тоа и заедно со моите колеги ќе се справиме со сите предизвици и ќе оствариме поголема  соработка со невладините организации и здруженија, заради обезбедување на донации за училиштето и учениците“, вели Тодоровска.  

    Во Основното училиште „Карпош“ во Умин Дол и подрачното во Љубодраг, настава посетуваат околу 150 ученици од прво до девето одделение. Годинава во прво одделение се запишале 13 првачиња.

    Директорката вели дека во ова училиште бројот на ученици не се намалува туку со години е на истото ниво или се зголемува, поради тоа сака да се создадат подобри просторни услови.

    Објектот во кој е училиштето изграден е 1928 година и не е реновиран. Пред неколку месеци Општина Куманово обезбедила 10 клима уреда уреди за греење за да се извадат старите ќумбиња од училниците.

    (С.Н.)