×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тасевска: Европските стандарди ќе станат наше секојдневие

    21.09.2018 20:03 | KumanovoNews

    Пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска, ги повика граѓаните на Куманово на 30. септември да излезат и да дадат подршка на референдумот, бидејќи членството во ЕУ и НАТО ќе значи повеќе инвестиции кои ќе отворат нови работни места.

    Тасевска: Европските стандарди ќе станат наше секојдневие

    - Младите нема повеќе да сонуваат да се иселат од Македонија и да ја бараат Европа надвор од границите. Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие. Во Бугарија просечната плата порасна двојно по влезот во Европската унија и НАТО, а невработеноста се намали од 18 на пет отсто, во Романија просечната плата порасна за 400 отсто, а невработеноста се намали од 15 на 4 проценти. Во Хрватска, вработеноста кај младите се зголеми од 26 на 43 отсто. Кај нас перспективите од ЕУ и НАТО веќе се чувствуваат. Во првата половина од тековната 2018 година, по поканата за членство во НАТО алијансата и напредокот во преговорите со Европската унија, Македонија има забележано рекорден прилив на директни странски инвестиции во износ од 327 милиони евра, што е три пати поголем прилив од истиот период минатата година, - рече Тасевска.

    Стапката на невработеност, како што посочи пратеничката Тасевска е намалена на 21,1 отсто, што е историски најниско ниво досега, додека просечната плата бележи постојан раст. Просечната нето плата е 6,1 отсто повисока во однос на истиот период минатата година.