Татко и ќерка тешко повредени во сообраќајка
12.06.2018 08:22
| KumanovoNews
Татко и ќерка тешко се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Свети Николе.

Сообраќајката се случила вчера во 15.50 часот, кога патничко моторно возило “Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово излетало од патот.
Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка. Поради сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош во Медицински центар - Штип, повредените се пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза".
Извршен е увид на местото на настанот.