Терестичка дезинсекција во Старо Нагоричане
31.08.2015 08:30
| KumanovoNews
На територија на општина Старо Нагоричане, утре во вечерните часови ќе се изврши терестичка дезинсекција.

Оваа е втора терестичка дезинсекција во Старо Нагоричане. Од Центарот за јавно здравје Куманово апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите и да не ги пуштаат надвор за време на дезинсекцијата и неколку часа подоцна. Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден.