Тешко повреден возач откако удрил во електричен столб на патарина
23.01.2018 09:31
| KumanovoNews
Кумановец се здобил со тешки повреди откако вчера во 12.30 часот со своето возило удрил во електричен столб на наплатната рампа во изградба
На автопат Скопје-Куманово, на наплатниот пункт Романовце- кој е во изградба, се случила сообраќајна незгода во која М.М. (39) од Куманово, управувајќи патничко возило „Пежо 207“ со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал надвор од коловоз и удрил во метален столб за осветлување.
Повредениот со возило на Итна помош бил пренесен во Кумановската болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Терзеа“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

