×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Топлото време го одложи вакцинирањето од грип

    19.11.2015 09:45 | KumanovoNews

    Центарот за јавно здравје Куманово има уште 400 дози вакцини против сезонски грип.

    Топлото време го одложи вакцинирањето од грип

    Оттаму велат дека овие дози ќе се потрошат во наредниот период, и апелираат граѓаните кои се хронично болни, со ослабен имунитет, над 65 години да ја примат вакцината како превентивна мерка.

    Сè уште е топло времето и граѓаните мислат дека не е време за респираторни инфекции, меѓутоа со почетокот на наредниот месец ние очекуваме зголемен број на заболени од грип и заболувања слични на грип. Апелираме оние кои сè уште  не ја примиле вакцината да дојдат да се вакцинираат. Вакцината освен за ризичните категории над 65 години, наменета е за лицата со хронични заболувања, респираторни, срцево болни, со дијабетес, сите кои работат во контакт со луѓе треба да се вакцинираат - изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

    Вакцината е од холандско производство, а цената е 400 денари како и претходните години.