Мени

Три неработни денови и споен викенд

23.05.2018 07:00 | KumanovoNews

Оваа недела следи продолжен викенд, бидејќи среда, четврток и петок се неработни денови.

Три неработни денови и споен викенд

Денеска не работат Власите, бидејќи 23. Мај е Националниот ден на Влашката заедница во Македонија.

Утре се празнува 24. Мај- Ден на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ и тој е неработен за сите граѓани.

Петок е ден пред Духовден и тој е неработен за граѓаните од православна вероисповед.