Трибина за полесно совладување на стравот
26.09.2015 12:09
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во понеделник во 20 часот, ќе се одржи трибина на тема „Страв- како да го надминеме и да се ослободиме од стравот“.
Модератори на трибината се Зоран Ѓорѓиевски, професор по филозофија, Јасминка Наумовска, гешталт психотерапевт и Горан Стевчевски, м-р по психолошки науки. Трибината ќе се одржи во фоајето. Сите граѓани кои се заинтересирани за темата можат да присуствуваат на трибината.