×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Триесет и први општински противпожарен квиз

    06.11.2015 10:46 | KumanovoNews

    Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ денеска се одржува триесет и првиот општински противпожарен квиз, во организација на Општински противпожарен сојуз, ДЗС, ТППЕ и општина Куманово.

    Триесет и први општински противпожарен квиз

    Ученици од основните и средните училишта се натпреваруваат на тема “Пожари на отворен простор, шумски пожари и пожари во урбани средини“.

    На натпреварот има пријавено осум основни и пет средни училишта. Првите три места добиваат награди, додека првото место од категорија на кадети и прво место од категорија јуниори, ќе одат на регионален противпожарен квиз натпревар кој ќе се одржи оваа година во Кратово. Ако натпреварувачите имаат среќа можат да продолжат и на државниот натпревар кој ќе се одржи во Виница во декември - изјави Часлав Јовановиќ, потпретседател на Противпожарен сојуз на Македонија.

    Професорот Драган Илиевски, ментор на учениците од Гимназија “Гоце Делчев“ вели дека секоја година учествуваат на овој квиз.

    Имам екипа која го претставува нашето училиште и други ученици кои  ќе се натпреваруваат со Доброволно противпожарно друштво Перо Чичо и се надевам дека ќе освоиме некое од првите три места. Досега имаме многу награди и солидни резултати - рече Илиевски.

    Во текот на денот ќе се знаат резултатите и учениците кои ќе продолжат понатаму да се натпреваруваат.