Тркалезна маса за тоа како дебатираат пратениците
25.09.2015 14:36
| KumanovoNews
Во кружната сала во комитет во понеделник во 11 часот ќе се одржи тркалезна маса на тема “Како дебатираат пратениците во Собранието“.

Тркалезната маса ја организира Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС, а поканети се да учествуваат актуелни и поранешни пратеници од Изборната единица 2, експерти, граѓански здруженија и новинари. На тркалезната маса ќе се презентираат наодите и заклучоците од 10 месечното набљудување на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот од јуни 2014 до мај 2015 година. Свои излагања ќе имаат поканетите пратеници во Собранието, а по тоа следи диксусија која ќе биде отворена за сите присутни.