Мени

Тројца повредени откако се превртел трактор на патот Габреш - Кучкарево

05.08.2020 11:43 | KumanovoNews

Три лица од кумановското село Кучкарево се повредени откако вчера им се превртел тракторот.

Тројца повредени откако се превртел трактор на патот Габреш - Кучкарево

Незгодата се случила во 19.00 часот на земјен пат Габреш - Кучкарево, кога Д.Н.(75) од с.Кучкарево, управувајќи трактор „ИМТ 533“, со скопски регистарски ознаки, во кое како сопатници се превезувале В.Д.(58) и Ј.З.(82), двајцата од с.Кучкарево, изгубил котрола и удрил во земјена површина и се превртел.

Во незгодата, Ј.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.Н. и В.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.