Уапсен кумановец кој се обидел да убие сограѓанин
04.09.2018 12:34
| KumanovoNews
Кумановецот Љ.М. (43) бил уапсен вчера откако полицијата го осомничила дека пред два дена извршил кривично дело убиство во обид.

Според полицијата, Љ.М. завчера во 21.45 часот, во стан на улицата Доне Божинов во Куманово, со остар предмет го пробол во градите Н.Д. (40) од Куманово, а со чаша го удрил по главата М.С.(47) и избегал.
Љ.М. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка.