×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уапсен претседателот на Кумановскиот суд

    08.10.2015 12:30 | KumanovoNews

    Претседателот на Основиот суд Куманово Муса Сулејмани денеска е уапсен на своето работно место. Специјалните единици за организиран криминал, го уапсиле Сулејмани околу 13.30 часот. 

    Уапсен претседателот на Кумановскиот суд

     Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава.

    Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и овлстување кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.

    Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до Судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка Притвор, -велат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.