Уапсен затвореникот, кој сееше страв во кумановско
Орце М. (39) од Куманово, кое се бараше по потерница од КПУ Идризово, вчера е уапсен во Куманово. Орце бил упасен во 17.50 часот на меснота Менкова колиба.

Имено, затвореникот кој побегна од затворот пред една година, има правосилна судска пресуда за издржување казна затвор во траење од 20 години, а заради сторени казнени дела убиство, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и подолг временски период е во бегство.
До моментот на лишување од слобода, според досегашните сознанија, се сомничи дека на подрачјето на Куманово извршил десет кривични дела и тоа шест кривични дела “разбојништво“, три кривични дела “тешка кражба“ и едно дело - “одземање на моторно возило“.