×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици од Литванија, Полска и Романија го посетија „Перо Наков“

    30.03.2018 09:44 | KumanovoNews

    Ученици и наставници од Полска, Литванија и Романија, минатата недела беа во посета на средното училиште „Перо Наков“, преку проектот КА2 - „Outdoor learning experience“, подржан од Еразмус плус и Националната агенција за образовни програми и мобилност на Република Македонија.

    Ученици од Литванија, Полска и Романија го посетија „Перо Наков“

    Проектот има за цел да ги мотивира и поттикне наставниците  наставната програмата да ја реализираат надвор од училницата, а предвидува издавање на прирачник во кој ќе се објаснат методите и техниките кои наставниците би можеле да ги користат за реализација на ваквите часови. За потребите од проектот досега се реализирани преку 30 наставни часа како воннаставни активности во училиштето.

    „За време на овие наши заеднички часови со учениците и наставниците од Полска, Романија и Литванија, имавме можност проектот да го претставиме и пред градоначалникот Максим Димитриевски. Учесниците имаа и час по народни танци во КУД „Панче Пешев“ каде што научија интересни факти за историјата на македонските игри, а имаа можност и да научат некои од македонските традиционални ора. Исто така, имаа и час по економија во Народната Банка на Република Македонија, во Охрид го посетија Музејот на заливот на коските, Св. Наум, Самуиловата тврдина и многу други значајни културно-историски знаменитости. Присуствуваат на интегриран час по јазици кои што се застапени во проектот, пред сѐ англискиот, како и македонскиот, литванскиот, полскиот и романскиот јазик, во Библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово, - изјави координаторот на проектот за Македонија, Ивана Близнаковска Доцевска.

    Со реализација на вакви проекти, учениците и наставниците ги подобруваат своите комуникациски вештини, како на македонски така и на англиски јазик.