Ученичка од Куманово најдобра на државен натпревар по француски јазик
19.12.2017 10:08
| KumanovoNews
Седмооделенката Луција Петровска од основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово, освои прво место на државен натпревар по француски јазик.

Натпреварувањето се одржа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески “ Скопје и во силна конкуренција Петровска покажа најдобри резултати во категорија на основни училишта.
Таа работеше под менторство на професорката Виолета Трајковска.
Натпреварот беше организиран од Здружението на професорите по француски јазик на Република Македонија во соработка со Националната комисија за франкофонија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески “ Скопје.