×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштето „Христијан Карпош“ вклучено во два проекти на Еразмис +

    09.05.2018 06:03 | KumanovoNews

    Основното училиште „Христијан Карпош“ деновиве е домаќин на професори од пет партнерски училишта од Англија, Романија, Полска, Шпанија, Италија, Турција, на два проекта од програмата Еразмус +.

    Училиштето „Христијан Карпош“ вклучено во два проекти на Еразмис +

     Целта на проектите е да им се покаже на учениците дека странските јазици не се само училишен предмет, туку пред се средство за комуникација, коешто им е потребно во понатамошното образование и кариера.

     „Тоа значи да се инетегрираат содржини од природни науки и да се предаваат на странски јазик во нашето училиште, тоа е на англиски и француски јазик. Во сите пет партнер училиште се спроведува истата програма, потоа се разменуваат примери од добра пракса и на крај се работи на издавање на прирачник со примери“, - изјави Ана Нојковска, професор по англиски јазик во ОУ „Христијан Карпош“.

    Во чест на гостите беше организирана приредба, преку која учениците ги покажаа училишните активности и македонската култура.

    „Бенифитот од овие проекти е голем, станува збор за професионален развој на наставници, голем дела од нашите наставници учествуваат во овие проекти и одат на овие културални размени. Вклучени се и голем број на ученици. Станува збор за 5 отсто од нашите ученици од нашето училиште веќе одат на овие размени во овие западни земји. Ние во Полска имаме испратено 8 ученици од ранлива група, деца на разведени родители и целта ни е што повеќе ученици да бидат вклучени во проектите, со менторите“, - изјави директорката Лидија Костиќ.

    Покрај Куманово гостите ги посетат и неколку градови и знаменитости во Македонија.

    Сите училишта вклучени во проектот ќе ги посетат земјите партнери заради запознавање на нивната култура, традиција и образование.