УЈП воведува плаќање на даноци со безготовинска картичка
06.10.2015 13:31
| KumanovoNews
Управата за јавни приходи овозможува плаќање даноци преку интернет со вашата Виса, Маестро и Мастеркард безготовинска картичка.

Единствено што граѓаните треба да направат е да се регистрираат и да креираат кориснички профил на електронскиот сервис „е-плаќање на даноци“ https://etax.ujp.gov.mk .
Услугата „е-плаќање на даноци“ ви овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање, и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите он-лајн преглед и плаќање на вашите даночни долгови за персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса. Со оваа услуга се заштедува време и нема потреба од чекање по шалтери.