×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Укинат возот за Солун

    02.10.2018 08:34 | KumanovoNews

    Од први октомври е укинат меѓународниот патнички воз на релација Белград – Солун – Белград.

    Укинат возот за Солун

    Тоа во договор го сториле Српската и Грчката железница, а Македонската железница (МЖ) немала можност да реагира бидејќи возот само транзитира низ земјава.

    Српската железница тврдела дека оваа линија била економски неисплатлива и дека ќе ја воведат дури наредната година за летната сезона, велат од МЖ.

    До Солун од Скопје сега единствено вози автобуска линија на „Македонија сообраќај“, кој ги редуцираше авобусите на еден дневно.