Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира трибина за дијабетес
13.11.2015 10:23
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во вторник во 19 часот, ќе се одржи трибина на тема „Дијабетес-превенција и лечење“, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

Предавач ќе биде доктор Миомир Панковски, интернист од Центар за јавно здравје од Куманово. Предавањето ќе се одржи во малата сала во Центар за култура, а сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат.