×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешна крводарителска акција во Куманово, за 4 часа собрани 40 единици крв

    30.07.2020 13:41 | KumanovoNews

     Околу 40-тина крводалители денеска до 14 часот даруваа крв во Центарот за култура „Трајко Прокопиев во Куманово, во рамките на крводарителската акција којашто ја организира СДСМ Куманово. Акцијата започна во 10 часот, а ќе се спроведува до 17 часот.

    Успешна крводарителска акција во Куманово, за 4 часа собрани 40 единици крв

    Како што соопштуваат организаторите, крводарителската акција со мото „Дарувај крв, спаси живот“ се спроведува поради намалени количини на крвни единици, поради коронавирусот, како и  зголемениот број на сообраќајни несреќи, карактеристичен за летниот период.

    „Во овој временски период има намалени колични на крв, па и затоа се одлучивме за оваа акција во консултација со Црвен Крст на Куманово и Заводот за трансфузиологија, кои ни алармираа дека има намалени крвни единици и поради настаната ситуација, а и поради зголемениот број на несреќи како и секоја година во летниот период. Мислам дека до крајот на денот бројката ќе достигне и до 50 единици на крв“, рече Мартин Захариев, претседател на СДММ Куманово.

    На крводарителската акција се одзваа редовните крводарители коишто се членови на СДСМ, но и граѓани коишто не се ниту членови, а ниту симпатизери на партијата.

    (Ф.М.)