×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешна крводарителска акција во Старо Нагоричане

    17.11.2015 17:09 | KumanovoNews

    Опшината Старо Нагоричане и Оделот за трансфузиологија Куманово денеска организираше крводарителска акција на која беа соберени триесетина единици крв.

    Успешна крводарителска акција во Старо Нагоричане

    Ова е трета традиционална акција која локалната самоуправа ја организира по повод Денот на општината.

    До сега се соберени триесетина крвни единици и акцијата ја сметаме за успешна, - изјави докторка Љиљана Славковска, трансфузиолог.

    Во акцијата се вклучија вработени во локалната администрација, училиштата и жители од селата. Крв даруваше и градоначалникот на Старо Нагоричане Милован Стојковски.

    Јас како градоначалникот по третпат се вклучувам во крводарителските акции, а инаку осум пати сум дарувал крв. Секцијата која ја формиравме е многу активна и тука се вклучени вработени во општината и училиштата, како жители кои редовно даруваат крв. Оваа е есенска акција, а организираме и на пролет на Кокино, - изјави градоначалникот Милован Стојковски.

    Има голем одзив на крводарителската акција. Ова е трета акција и се надевам дека ќе биде традиционална, бидејќи секоја капка крв живот значи. Јас сум крводарител од 2007 година  и до сега имам 19 пати дарувано крв, -изјави портпарол Давор Арсиќ.

    Меѓу хуманите жители беше и шеесетипетгодишниот Спиро Милошевски од козјачкото село Драгоманце, кој  е рекордер во крводарувањето. Тој досега дарувал крв 120 пати и поради возраста денешната акција е последна за него. Тој вели дека ќе му биде жал што повеќе нема да се дружи со екипите од трансфузиологија и крводарителите, но ќе гостува на прославите и празниците.

    Ова е мое последно крводарување 120 пати и толку.  За пет дена ќе наполнам 65 години и повеќе немам право да сум крводарител. Да имам можност би го правел додека сум жив. Ова е многу хумано да спасиш нечиј живот. Многу здраво се чувствувам по секое крводарување и затоа им препорачувам на младите да не се плашат да станат крводарители, - изјави Милошевски.

    Од Општината најавуваат дека и во иднина ќе работат на промоција и омасовување на крводарителството во општината, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции.