Утре Дедо Мраз на мотор
24.12.2015 16:05
| KumanovoNews
Мото клубот „Мечки“ од Куманово утре ќе ја организира акцијата „Дедо Мраз на мотор“.
Собирањето ќе биде на Градскиот плоштад во 11 часот, а во 12 часот ќе бидат посетени децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби.
Пред новогодишните празници се одличен период барем на момент да им ја вратиме насмевката на овие дечиња. Оние кои до сега учествувале во акцијата ќе знаат за што зборуваме, па нека биде ова покана до сите моторџии да ја направиме најмасовната акција до сега - велат од „Мечки“.
Акцијата „Дедо Мраз на мотор“ се организира по осми пат.