Утре минирање во село Орашац
11.09.2015 12:40
| KumanovoNews
Во место викано Црковен рид утре повторно ќе има минирање, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Минирањето ќе го изврши фирмата Мактек во период од 10 до 16 часот. Ова е трето по ред минирање за неполн месец на истата локација. Се известува населението за минирањето за да не дојде до вознемиреност.