Вечерва нема прoслава на градскиот плоштад
31.12.2017 15:14
| KumanovoNews
Втора година по ред, Општината не организира прослава на Нова година на 31 декември, на Градскиот плоштад во Куманово.

Причина е поради финасиската состојба и слабиот интерес на граѓаните.
Оваа година за првпат нема да има ни огномет.
Општината организираше дводневен Новогодишен хепенинг за децата и возрасните, со учество на повеќе локални групи и пејачи, а одвои средства и за украсување на градот.
Најмногу кумановци Нова година ќе ја пречекаат дома и во угостителските објекти во градот, додека дел отпатуваа во зимските центри во соседството.