Велигденски концерт на хорот „Св.Злата Мегленска“
03.04.2018 13:21
| KumanovoNews
Во Занаетчискиот дом во Куманово, утревечер Велигденски концерт ќе одржи женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“.
Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“, предводен од диригентката Летка Димовска Полизова, од 1996 година негува православна црковна музика и композиции од македонското фолклорно творештво.
Претставува вистински културен амбасадор на нашето музичко наследство, за што сведочат и многубројните патувања, концерти и награди во земјава и во странство.
Составен е од 27 женски вокали, од кои повеќето се млади образовани музичарки и студентки на Факултетот за музичка уметност.
Концертот е закажан во 19 часот. Се одржува под покровителство на локалната самоуправа Куманово.

