Велосипед удрил во жена и ја повредил
10.10.2018 11:25
| KumanovoNews
Вчера во 19,15 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Народна револуција“ велосипед управуван од М.К.(18) од с.Биљановце, удрил во пешакот Ј.Б.(68) од Куманово.

Со тешки телесни повреди се здобила Ј.Б., која била пренесена во Ургентниот центар во Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.