×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вендинг машини во маркетите на „Елида“ - Реупотреби, рециклирај, редуцирај, кампања за почисто Куманово

    21.11.2023 12:25 | Сузана Николиќ

    „Елида“ е една од првите кумановски комании која што на две локации во градот го воведе светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки.

    Вендинг машини во маркетите на „Елида“ - Реупотреби, рециклирај, редуцирај, кампања за почисто Куманово

    Вендинг машините се поставени во два маркети на Елида и тоа на ул. Христијан Т. Карпош (поранешен „Рамстор”) и на ул.Октомвриска Револуција (поранешен „Биртекс”).

    Инвестицијата е од сопствени средства на компанијата, а идејата е со овој проект да се мотивираат граѓаните да се вклучат активно во процесот на селекција на отпадот од пакување.

    „Целта на оваа инвестиција е да го минимизираме негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, заедно да промовираме одговорен однос кон амбалажниот отпад, овозможувајќи поквалитетен живот за сите. Како општествено одговорна компанија, сакаме да ја подигнеме еколошката свет и да дадеме голем придонес кон креирањето на навиките и однесувањето на граѓаните. Овој пример треба да го следат сите останати компании, бидејќи на овој начин и со овие стимулации се помалку отпад од пакување ќе завршува на депониите, ќе имаме задоволни и едуцирани граѓани кои што ќе се грижат за животната средина. Вендинг машините фукционираат на тој начин што може да се добијат зелени поени за секое рециклирано шише, а тие поени на нашите потрошувачи им носат разни придобивки во замена за нивното селектирање“, велат од компанијата „Елида“.
     
    Проектот за селектирање пластична амбалажа или лименки во машините, се спроведува преку бесплатната мобилна апликација на „Пакомак“ наречена „Ecomak“.

    За собирање зелени поени граѓаните пред користењето на машината ќе треба да го скенираат баркодот што се појавува на нивната мобилна апликација и по фрлањето на отпадот, ќе им бидат доделени зелени поени за 1 шише или лименка – 0,5 денари. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод.

    Зелените поени се користат за пазарење во „Елида“ маркети со скенирање на личниот баркод на каса.

    Со користењето на повратните вендинг машини покрај придобивките за населението, ќе се воспостави навика за постојана грижа за природата, ќе имаме поодговорни и еколошки совесни граѓани, што претставува клучна алка во развојот на свеста за заштита на животната средина во нашето општество.

    (ПР текст)