Ветeраните направија обиколка на повеќе споменици
Здружението на армиски и полициски ветерани од Kуманово, викeндов направи обиколка на повеќе спомен обeлежја од НОБ , при што организираше и рекреативен марш до Менкова колиба на кој учествуваа дваесетина членови на Здружението.

Констатираа дека спомениците се во многу лоша состојба и ќе инсистираат надлежните, државата, а посебно Министерството за култура да ги санира во текот на 2016 година. Тоа ќе биде нивна главна програмска активност.
На наша жалост и изненадување, Менкова колиба, ова значајно спомен обележје на Куманово, до ден денес е руинирано и запуштено. Ние во повеќе наврати имавме покренато иницијативи за негово средување, а подготвени сме и лично да помогнеме во тоа. Ништо нема направено што е жално и срамно за еден град првоборец - изјавија од Здружението на армиски и полициски ветерани.
Тие секоја година организираат ревијален марш до различни локации.