Видовденска академија во МКЦ
26.06.2018 09:56
| KumanovoNews
Обединетата српска заедница Куманово, во четврток ќе одржи Видовденска академија, во Младинскиот културен центар во Куманово.

На манифестацијата ќе се промовира книгата “Приче из Македоније“ од авторот Нена Ристиќ Костовска, а потоа ќе настапат културно-уметничките друштва „Карпош“ од Старо Нагоричене и специјалните гости „Копаоник“ од Лепосавиќ.
На присутните ќе им се обратат претседателот на ОСЗ Часлав Јовановиќ, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, како и претседателот на Советот на Општина Трговиште.
На академијата се очекуваа гости од Македонија и Србија.
Почетокот е закажан во 20 часот.