×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во близина на Табановце откриени мигранти

    30.05.2018 11:34 | KumanovoNews

    На автопатот Куманово кон Табановце поточно, кај с.Костурник, полициската патролна служба забележала товарно моторно возило “Ивеко“ со скопски регистерски таблици, кое побелнало од полицијата.

    Во близина на Табановце откриени мигранти

    Возило било следено, при што кај с.Пуковско, светиниколско, истото влегло во слепа улица, односно во двор од куќа. По ова возачот излегол од возилото и се дал во бегство. Сепак, за кратко време тој бил фатен, и било утврдено дека се работи за Е.А (30) од с.Коџалија–радовишко.

    Во камионот, пак, биле пронајдени 43 лица-мигранти, меѓу нив осум малолетни лица, и тоа: 14 лица од Пакистан, 16 од Ирак и 13 мигранти од Авганистан. Мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце, а од страна на Судија за предходна постапка на Е.А. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.