×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во “Боро Менков“ примопредавање на должноста командант на ЗОК

    20.08.2015 12:57 | KumanovoNews

    Во касарната „Боро Менков“  утре во 11.30 часот,  ќе  се  одржи  свеченост по повод  примопредавање  на  должноста  командант на  Здружената оперативна команда.

    Во “Боро Менков“ примопредавање на должноста командант на ЗОК

    Согласно указите од Претседателот  на  Република  Македонија  и  Врховен командант  на  вооружените  сили,  Ѓорге  Иванов  за  командант  на  ЗОК е поставен бригаден генерал Васко Ѓурчиновски. Предвидено е  постројување  на  припадниците  на  ЗОК  и  церемонија  на  примопредавање  на  военото  знаме  на  ЗОК  и  потпишување  на  извештаите  за  примопредавање,  со  што  ќе  се  изврши  и  официјално  примопредавање  на  должноста.

    На  свеченоста  се  очекува  да  присуствуваат министерот  за  одбрана  на Република  Македонија,   Зоран  Јолевски,  началникот  на  генералштабот  на  АРМ  и  досегашен  командант  на  ЗОК , генерал  потполковник  Методија  Величковски, командантите на  потчинетите  единици  на  ГШ  на  АРМ  и  команданти  на потчинетите единици на ЗОК.