Во домот на кумановец најдени семки од канабис
14.10.2015 11:32
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Д.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 10 август годинава од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени 24 семки канабис со вкупна маса од 0,34 грама.