Во градинката „Синоличка“ се доградуваат две занимални
04.04.2018 08:55
| KumanovoNews
Советниците денеска донесоа одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на објектот „Синоличка“,на детската градинка „Ангел Шајче“ во близина на Градскиот стадион.
Во дворот на градинката ќе се доградат две простории по проект кој е изработен во 2010 година, а ќе овозможи проширување на капацитетите на градинката.
„Во градинката ќе бидат сместени две групи на дечиња, една група јасли и една градинска, деца од албанска националност. Вкупно 40-тина деца“, - појасни директорката Марина Алексовска.
Во наредниот период се планира отварање и на нови градинки, меѓу кои и месната заедница „Бајрам Шабани“.

