Во камион со кумановски таблички откриени Авганистанци
Тројца возрасни и три деца биле откриени во приколка на камион, на сопственик од Куманово, на граничниот премин Стар Дојран на македонско-грчката граница.

Вчера во 7.40 часот за влез во државата се пријавило товарно моторно возило “Ивеко“ со кумановски регистерски таблици и приклучно возило марка „Шмитз“ со кумановски регистерски таблици управувано од А.К.(37) од Кратово.
При мерење на вагата покажало поголема оптовареност од вкупната тежина, поради што било задржано на Граничниот премин за вонреден претрес. Околу 11,40 часот од страна на полициски службеници од Граничниот премин Стар Дојран биле забележани непознати лица како излегуваат од приклучното возило и се упатуваат кон Р.Грција, при што истите биле приведени. Притоа утврдено е дека се работи за две возрасни лица и три малолетни лица на возраст од 12, 14 и 16 години сите од Авганистан, како и едно полнолетно лице од Бангладеш. Според нивно кажување во возилото се качиле во Р.Турција.
Извршен е увид на местото на настанот, а од полициски службеници од Регионалниот центар-Југ-Гевгелија и од Привремениот транзитен центар Гевгелија извршиле разговор со мигрантите и со возачот. Мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар во Гевгелија. Се работи на целосно расчистување на случајот.