Во “Кочо Рацин“ се спроведува проектот “Виножито“
Во основното училиште “Кочо Рацин“ се реализира проектот “Виножито“ во соработка помеѓу наставниците, родителите и учениците.

Викендов во училиштето се обоени вратите во боите на виножитото, а се прават подготовки и за правење на витраж.
“Целта на проектот е да се подобри комуникацијата меѓу учениците, родителите и наставниците. Проектот е идеја на професорката по македонски јазик Весна Тодоровска, а опфатени се децата од 6 и 7 одделение. Направени се подготовки за витраж кој ќе се работи на прозорците кои гледаат кон градината“ - вели Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во „Кочо Рацин“.
Истиот проект се реализира и во подрачното училиште во село Биљановце.