Мени

Во Куманово 12 новозаболени и 13 оздравени од коронавирус, во Липково еден починат

06.08.2020 21:29 | KumanovoNews

Во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19. По градови во:  Скопје 35, Куманово 12, Штип 23, Гостивар 15...

Во Куманово 12 новозаболени и 13 оздравени од коронавирус, во Липково еден починат

Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје, пациент од Липково (72), пациент од Струга и пациент од Охрид.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од: Скопје 103, Куманово 13, Штип 75, Тетово 31, Гостивар 19...

Досега во земјата се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402.