×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово денеска ќе гласаат 64 болни и изнемоштени лица

    29.09.2018 09:13 | KumanovoNews

    Денеска, ден пред референдумот,  своето гласачко право во домашни услови ќе го остварат болните и изнемоштени лица.

    Во Куманово денеска ќе гласаат 64 болни и изнемоштени лица

    Шеесет и четири болни и изнемоштени лица во Општина Куманово, денеска ќе го остварат своето гласачко правото. Пријавени биле 68 лица, но 4 не ги исполнувале условите.

    Право на глас оствариле и осум лица во Липково, колку биле и пријавени, додека во Општина Старо Нагоричане воопшто нeма пријавени.

    За референдумот се пријавени 1.859 болни и немоќни лица во 69 од 80 општини. Тие гласаат денеска, кога членови на избирачките одбори ќе ги посетат во нивните домови.

    Во единствениот избирачки список регистрирани се вкупно 1.806.336 гласачи.

    На подрачјето на Општина Куманово на 167 избирачки места, каде право на глас можат да остварат 92.500 граѓани.

    Во Општина Липково право на гласт имаат 25.200 жители кои ќе можат да гласаат на едно од 36 избирачки места.

    Во Старо Нагоричане на 38 избирачки места ќе можат да гласаат 3.363 лица кои се наоѓаат на избирачкиот список.

    На последните локални избори право на глас во Куманово имале 92.639 граѓани, во Липково 25.070, а во Старо Нагоричане 3.428 граѓани.