Во Куманово наврна 20 литри дожд
Обилните врнежи од дожд придонесоа во Куманово за 24 часа да наврнат 20 литри дожд на метар квадратен.

Најмногу дожд наврна во јужните и југозападните делови на Македонија, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
“Во Петор наврнаа 62 литри на метар квадратен, во Крушево 45, а во Скопје има 12 литри. И денеска не очекува врнежливо време со поинтензивни врнежи во попладневните часови. Утрово поинтензивни врнежи ќе има на запад, а потоа ќе се преселат на исток, но генерално насекаде ќе биде врнежливо“-вели Борис Секирарски, дежурен синоптичар во УХМР.
Намалување на врнежите се очекува од утре по што ќе следи пораст на дневните температури.