Во Куманово силниот ветер корнеше дрвја
Големото невреме, проследено со силен ветар, што вчера попладне го зафати Куманово, откорна неколку дрвја и кршeше стебла и гранки во градот и приградските населби.

Според информации од ЈП „Чистота и зеленило“, дрва се откорнати на три локации, на Градскиот плоштад, во дворот на градинката во Трговскиот центар и во дворот на Основното училиште „11 Октомври“.
- Наши екипи уште во текот на денот излегоа на терен и ги отстранија стеблата и гранките, - изјави директорот Даниел Стојчевски.
Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), информираат дека невремето траело од 13 до 18 часот, а ветерот дувал со силина од 70 до 90 м/с, поради што предизвикал оштетувања на нисконапонската мрежа во селата во Општина Старо Нагоричане, како и во дел од селата во кумановско и липковско.
Без електрична енергија во моментот се селата: Биљановце, Пчиња, Краста, Студена Бара, Романовце, Агино Село, Доброшане, Проевце, Зелен Рид и Шупли Камен.
Како последица на невремето вчера биле предизвикани 10 поситни пожари на сува трева и стрништа во селата: Младо Нагоричане, Жеглање, Ајдучка Чешма, населба Карпош, Коинце, Бабин Дол, Романовце и др.
Во невремето нема оштетувања на возила и објекти.