Во Куманово три пожари во изминатите 24 часа
14.09.2018 07:33
| KumanovoNews
Во изминатото деноноќие на територијата на Општина Куманово регистрирани се три пожари на отворено. Во сите случаи горела сува трева и стрништа.

Запалена сува трева вчера горела од 6 до 7 часот во с. Поток, а од 13 до 14.30 часот во местото Багрем бања. Во с. Тромеѓа било запалено стрниште во периодот од 12,30-14,05 часот.
Во сите три случаи интервенирала Противпожарната единица Куманово и го изгаснала огнот.