Во Куманово вечерва не се дише од загаденост
Загаденоста на воздухот во Куманово вечерва е на многу високо ниво.

Концентрацијата на ПМ 10 честичките е 389 микрограми на еден кубен метар, што е за 7,5 пати повеќе од максимално дозволените 50.
Според мерните станици најзагадено е во Битола со 467 мг/м3, потоа во Куманово, Лисиче со 355мг/м3, Кавадарци 289мг/м3, Тетово 252 мг/м3 и други.
Проблемот со загадувањето на Куманово секоја година започнува со грејната сезона, бидејќи поголем дел од населението се грее на дрва, а се користи и пластика и друг неквалитетен огревен матерјал.
Градоначалникот Максим Димитриевски, неодамна најави дека комунална инспекција ќе спроведе ризгорзни контроли за да ги лоцира енормните загадувачи, пред се оние кои користат веќе употребено моторно масло за затоплување на објекти.
За долгорочните мерки за решавање на загаденоста, како што е гасификација на градот, дислокација на автобуската станица со цел да се намали сообраќајот на автобуси во центарот на Куманово, ќе мора да се почека.