×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово запишани 1200 првачиња

    04.09.2017 11:07 | KumanovoNews

    Во основните училишта во општина Куманово, денеска во училишните клупи седнаа 1200 првачиња

    Во Куманово запишани 1200 првачиња

    Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ на првиот училишен час беа 120 првачиња. За учениците и родителите беше организиран свечен прием, а добредојде во училиштето им посака директорката Марина Манојловска.

    „Драги родители од се срце ви го честитам почетокот на образованието на вашите деца, на првиот училишен ден. Затоа ви испаќам една порака. Најлесно е да им помогнете да ги нацртаат цртежите, да ги научите полесно да ги совладаат препреките во образовниот систем, но најтежок дел ваш и наш ќе биде од нив да направиме луѓе, кои на ова општество ќе му го дадат својот потенцијал, но и ќе си направат посветла иднина на себе. Ви благодарам на довербата што ни ја дадовте и ги запишавте учениците во основното училиште Браќа Миладионовци„, - изјави Манојловска.

    Учениците ги поздрави и могу успех им посака градоначалникот Зоран Дамјановски, кој истакна дека Куманово е град со најмногу првачиња, и министерката за образование Рената Тренеска-Дескоска.

    „Зад овие врати стои една убава игротека, во којашто ќе си поминете прекрасни 9 години, учејќи другарувајќи, забавувајќи се,- рече минситерката.

     Во кумановските училишта оваа година се запишаа околу 1200 првачиња, седумдесетина помалку од лани.

    Куманово е град со најголем број на првачиња во државата, од вкупно 20.000 колку се  запишале оваа учебна година.