Во Липково и Старо Нагоричане се гласа за градоначалник
29.10.2017 08:18
| KumanovoNews
Жителите на општините Липково и Старо Нагоричане, денеска гласаат за избор на градоначалник.

Во овие две општини денеска се одржува вториот круг од локалните избори, откако во првиот круг ниту еден од кандидатите за градоначалник не добил доволен број на гласови за победа.
Во Липково, право на глас имаат 25.070 лица кои гласаат на 36 избирачки места.
Во општина Старо Нагоричане во единствениот избирачки список се регистрирани 3.428 гласачи, кои гласаат на 37 избирачки места.