Во недела се гласа за иднината на државата, порача Спасовски
Куманово во секој момент направи се за да ја имаме денешна Македонија и горд сум што сите застануваме зад една идеја, Македонија да биде успешна, да ја градиме онака како што посакуваме сите, рече пред граѓаните министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на трибината „Излези За Европска Македонија“ во Центарот за култура во Куманово.

Ако Македонија немаше цел да стане дел од ЕУ и НАТО немаше да се преговара. Ако сакаме да ги оствариме тие национални цели, тогаш моравме да преговараме, да ја измириме Македонија со соседите, да го вратиме угледот на Македонија.Важно е да се интегрираме за да не останеме осамени и сега е можноста да одиме напред по вистинскиот пат, заради идните генерации, со што ќе се оправда борбата на предците и ќе се заокружи кога Македонија ќе стане членка на НАТО и на ЕУ. Оваа генерација е историска, - рече Спасовски.
Пред кумановци се обратија и поранешниот градоначалник и членови на СДСМ Зоран Дамјановски и Александар Арсиќ, кои повикаа граѓаните да излезат и да гласаат за европска Македонија.