×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во недела „Шопска свадба“ во Куклица

    22.09.2017 08:04 | KumanovoNews

    Во кратовското село Куклица на локалитетот Камени кукли, во недела ќе се одржи манифестацијата „Шопска свадба“.

    Во недела „Шопска свадба“ во Куклица

    На самиот локалитет Камени кукли пензионерите од Културно-уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“ од Куманово ќе ги презентираат обичаите на шопскиот дел од регионот.

    “Годинава нема младенци, но манифестацијата ќе ја реализира целта на промоција и презентација на историското и културно наследство на жителите од Североистокот на Македонија. Оваа година ќе се одржи сценска адаптација „Шопска свадба“, во изведба на членови на Културно-уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“ од Куманово, - вели Драган Јакимовски, претседател на здружението „Етно ризница“, Куманово.

    Во првите две години на одржување, настанот се одвиваше со цела свадбена церемонија, со младенци кои возобновувајќи ги старите обичаи, се венчаваа во традиционални носии од Североисточниот регион.