Во расадникот на „Шумско“ произведени милион садници
Во расадникот на „Шумско стопанство“ оваа година се произведени милион садници.

Овој расадник е меѓу најснабдените во државата и од него садници добиваат општините во Западна Македонија, а за Денот на дрвото садници од расадникот ќе добијат десет општини.
Оваа 2015 година расадникот има произведено милион садници, а за 2016 година планираме поголемо производство. Во расадникот работат десетина луѓе. Имаме претежно зимзелени дрвца, црн, бел бор, чемпрес, сите дрвца кои одговараат на надморската височина на Балканот. Има периоди кога експериментално се одгледуваат некои видови дрва како што беше со пауловнијата - рече Весна Темелковска, шеф на расадник во „Шумско стопанство“.
Темелковска додава дека располагаат и со површина од 5 хектари на која сејат јачмен, за потребите на ловиштата на “Македонски шуми“.