Во судир на мотор и БМВ тешко повреден малолетник
02.09.2017 10:12
| KumanovoNews
Едно лице е потешко повредено при судир на мотор и автомобил во Куманово.

Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 15.15 часот на ул.„Васил Антевски“, помеѓу мопед „Лонџиа“ со кумановска регистарска ознака управуван од малолетно машко лице од с. Опае и патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од У.Х. (41) од Куманово.
Во незгодата бил повреден возачот на мопедот, кој е пренесен во Општата Болница- Куманово, каде е констатирана тешка телесна повреда во вид на скршеница на клучна коска и е задржан на лекување.
Увид на лице место е извршен од увидна екипа од СВР-Куманово.